Оваа земја прва воведе менструално отсуство – но зошто мал број жени го користат?
„Доста е со криење на менструацијата, со работа под лекови и трпење болки додека се преправаме дека сè е во ред“, порача шпанската министерка за еднаквост кога го најави воведувањето на менструално отсуство.
Шпанија стана првата европска земја што воведе платено менструално отсуство. Иако соседната Португалија го следи овој пример, истражување на „European Correspondent“ покажува дека многу мал број Шпанки ја користат оваа можност.
Да потсетиме, од 1 јуни 2023 година, жените во Шпанија кои имаат „менструација што им го отежнува извршувањето на работните обврски“ добија право на до пет дена платено отсуство.
„Здравјето, телото и времето на жените се важни. Доста е со криење на менструацијата, работа под лекови и трпење болки додека се преправаме дека сè е во ред“, напиша министерката Ирене Монтеро на социјалната мрежа Икс.
Повеќе тука
Фото: Shutterstock

