Жените и понатаму реткост на раководни позиции: Во Германија само 29% менаџери се жени
Иако жените сочинуваат речиси половина од работната сила во Германија, нивното учество на највисоките раководни позиции стагнира повеќе од една деценија.
Податоците на Сојузниот завод за статистика Destatis покажуваат дека жените и натаму се слабо застапени на менаџерските позиции во германските компании.
Минатата година, само 29,1% од највисоките менаџерски позиции биле пополнети од жени — што е значително под просекот на Европската унија од 35,2%.
Од 2014 година наваму, уделот на жени во германскиот менаџмент речиси и да не се променил, додека просечниот раст во ЕУ изнесувал околу 3,4 процентни поени.
Во европска рамка, Шведска предничи со 44,4% жени на раководни функции, по неа следат Летонија (43,4%) и Полска (41,8%), додека Кипар е на дното на листата со само 25,3%.
Повеќе тука

