Светот на работникот

Повеќе од половина од HR лидерите сакаат да ја напуштат професијата – секој петти стравува од вештачката интелигенција

Истражувањето меѓу 1.358 ХР професионалци покажува дека повеќе од половина размислуваат за заминување од професијата, додека секој петти се плаши дека ВИ би можел да ја замени неговата работа.

Повеќе од половинаод лидерите во секторот човечки ресурси во текот на претходната година размислувале за тоа да ја напуштат својата професија, додека секој петти се плаши дека неговата работа во иднина би можела да ја преземе вештачката интелигенција.

Тоа го покажуваат резултатите од истражувањето „State of People Strategy 2027“, кое го спровела американската компанија Lattice. Во истражувањето учествувале 1.358 ХР професионалци од Европа и Северна Америка, пишува Танјуг.

Резултатите укажуваат на се’ поголем притисок со кои се соочуваат луѓето кои работат во секторот за човечки ресурси. Покрај стравот од развојот на вештачката интелигенција, голем проблем претставуваат и преоптовареноста, постојаното решавање на кризни ситуации и чувството дека нивната работа не е доволно ценета.

ХР стручњаците се’ повеќе размислуваат да си заминат.

Според истражувањето, повеќе од половина од ХР лидерите во текот на претходната година сакале да ја напуштат професијата.

Причините се различни, но меѓу најчестите се издвојуваат чувството на недоволна вреднуваност, работа во речиси константен кризен режим и професионално прегорување.

Истовремено значајно опаднал и бројот на ХР професионалци кои велат дека се потполно ангажирани и полни со енергија на работа.

Нивниот удел паднал од 41 % на севкупно 30 %.

Тоа покажува дека проблемот не е само во технологијата и стравот од вештачка интелигенција, туку и во самиот начин на кој е организирана работата на ХР тимовите.

Секој петти стравува дека ВИ би можел да ја преземе неговата работа

Вештачката интелигенција станува уште еден извор на несигурност.

Околу 20 % од испитаните ХР професионалци стравуваат дека вештачката интелигенција би можела да ги замени.

ВИ веќе го менува начинот на кој компаниите извршуваат бројни задачи во човечките ресурси – од анализа на податоци и селкеција на кандидати до автоматизација на административните задачи.

Меѓутоа, истражувањето покажува дека само вложувањето во новата технологија не ги решава проблемите во ХР секторот.

Компаниите вложуваат во софтвер, но резултатите не секогаш се добри

Речиси половина од ХР тимовите, односно 47 %, наведуваат дека најмалку едно купување на софтвер во текот на претходните две години не им се исплатело.

Тоа покажува дека набавката на ново технолошко решение само по себе не е гаранција за подобро работење.

Особено интересна е разликата помеѓу успешните и помалку успешните тимови.

Кај успешните ХР тимови речиси двојно е поголема веројатноста дека за неуспешна импелемнтација на софтвер ќе се обвинат сопствените процеси, а не само технолошките алатки.

Таков став имаат 45 % од успешните тимови, додека кај останатите тој процент изнесува севкупно 22 %.

Проблемот не е само во вештачката интелигенција

Резултатите од истражувањето укажуваат на пообемен проблем во ХР секторот. Додека компаниите се’ повеќе воведуваат вештачка интелигенција и различни софтверски алатки, луѓето кои треба да ги користат истовремено се соочуваат со се’ поголем притисок и недостиг на енергија.

Затоа како еден од клучните предизвици не се наметнува само прашањето дали ВИ ќе ги замени ХР професионалците, туку и како компаниите ќе го променат начинот на работа за технологијата навистина да им помогне на вработените.

Податоците покажуваат дека новиот софтвер сам по себе не е доволен. Ако постоечките процеси не се добро поставени, ниту најскапата технологија не гарантира подобри резултати.

Извор: Bizportal.rs