„Verizon“ отпушта повеќе од 13.000 вработени
Американскиот телекомуникациски гигнат „Verizon“ отпушта повеќе од 13.000 вработени во масовните кратења на работни места, кои доаѓаат во момент кога гигантот вели дека мора да ја „преориентира“ целата своја компанија.
Кратењата на работните места започнаа во четврток, според меморандумот до вработените од извршниот директор на „Verizon“, Ден Шулман. Во писмото, во кое увид имаше „Асошиејтед Прес“ (The Associated Press), Шулман изјави дека моменталната структура на трошоци на „Verizon“ ја „ограничува“ способноста на компанијата да инвестира — особено посочувајќи на корисничкото искуство.
„Мораме да ја преориентираме целата наша компанија кон исполнување на потребите и воодушевување на нашите корисници“, напиша Шулман. Тој додаде дека компанијата треба да го поедностави своето оперативно работење „за да се справи со сложеноста и пречките што нè забавуваат и ги фрустрираат нашите корисници“.
„Verizon“ имаше речиси 100.000 вработени со полно работно време на крајот на минатата година, според извештаите за хартии од вредност. Портпарол на компанијата потврди дека отпуштањата најавени во четврток опфаќаат околу 20% од менаџерскиот кадар на компанијата, кој не е синдикално организиран.
„Verizon“ се соочува со зголемена конкуренција во секторите за безжична телефонија и домашен интернет — особено од „AT&T“, „T-Mobile“ и други големи играчи на пазарот. Новото раководство на компанијата ја истакна потребата за исправање на насоката во која се движи компанијата.
Извор: AP

