Драстично намален бројот на вработени во државата – Речиси за 120,000 помалку во првиот квартал од 2022
Бобан Илијевски
Драстично е опаднат бројот на вработени во Македонија во периодот помеѓу првото тромесечје од 2020 и првото тромесечје од 2022 година. Според анализата којашто ја направи редакцијата на порталот Работник базирана на податоците од Државниот завод за статистика, вработеноста е опадната за 119,498 лица или 14,75 %. Од друга страна, невработеноста, во истиот период, се намалила за 36,928 лица или за 23,58 %. Потребно е да се напомене дека според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во приватниот сектор вработени се 594.243 лица.
Во вториот дел од текстот кој можете да го прочитате тука, откриваме зошто е толку намалена вработеноста.
Доколку податоците за вработеноста и невработеноста се анализираат поединечно, односно по тромесечје, може да се забележи дека во периодот од 2020 до првото тромесечје на 2022 година, најмногу бројот на вработени и невработени е намален во првиот квартал од оваа година.
Имено, порталот Работник изработи два графика кои го покажуваат намалувањето и на вработеноста и на невработеноста кои можете да ги погледнете во продолжение:


Од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во понеделникот на прес – конференција, рекоа дека овие податоци покажуваат дека државата оди во погрешна насока, бидејќи покажуваат дека македонските работници заминуваат од државата.
ВИДЕО|Јавниот сектор да работи од 9 до 3, за да се заштеди електрична енергија, велат од КСС
Инаку, познато е дека уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните постојано се иселуваат. Неодамна, Министерката за труд и социјална политика истакна дека од 1990 до 2019 година стапката на иселување од Македонија изнесувала 32 %. Податоците од Светска банка пак, велат дека се иселени речиси половина милион граѓани или една четвртина од населението. Трендот на иселување продолжи и во ек на пандемијата, а продолжува и денес.
Доколку се погледнат и анкетите коишто ги спроведуваат медиумите и граѓанските организации, како ден јасно ќе ни стане дека најголемиот дел од луѓето сакаат да заминат од државата.

