СОНК на обука на тема „ВИ Навигатори: Зајакнување на наставниците за ерата на вештачка интелигенција“
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Оваа недела во Софија, Бугарија започна обуката за наставниците-навигатори во рамки на проектот „ВИ Навигатори: Зајакнување на наставниците за ерата на вештачка интелигенција“, каде координатор е СОНК.
Четворица наши наставници-навигатори, заедно со координаторот на проектот, активно учествуваат во програмата, која нуди нови сознанија, практики и перспективи за тоа како човекот и вештачката интелигенција можат да соработуваат етички, мудро и со визија.Градиме мрежа на свесни, одговорни и инспирирани едукатори – навигатори на иднината.

