СПМ: Доставено Барање до Собранието на Република Македонија и Комисијата за финансирање и буџет за повисоки плати
Доставено Барање до Собранието на Република Македонија и Комисијата за финансирање и буџет за повисоки плати![]()
Денес Синдикат на Полиција во Македонија пратенички групи во собранието и Комисијата за финансирање и буџет достави барање за поднесување на амандман за дополнување на буџетот на РМ за 2026 со кој платите на вработените во МВР од месец Септември 2026 година ќе бидат зголемени за минимум 10%.
Со ова наше барање всушност барем малку ќе се исправи долгогодишната неправда која е сторена према сите работници во МВР.
Како што е веќе познато (член 142, 143 и 144 од ЗВР) со основната плата се вреднува образованието и сложеноста на работите на работното место утврдено со актот за систематизација на работните места, на кое работникот е распореден односно унапреден, неговото работно искуство, како и видот и позиционираноста на работното место согласно Класификацијата на работните места. (член 143 ст.1) Образованието и сложеноста од ставот (1) на овој член, се вреднуваат согласно Колективниот договор на Министерството, во зависност од видот и природата на работите што се вршат на работното место. Член 143 ст.2. Вредноста на бодот за пресметување на платите на работниците во Министерството, се утврдува од страна на министерот, во согласност со репрезентативниот синдикат (член 144 од ЗВР) кој во овој момент изнесува 35,47 денари по бод.
Знаејќи го фактот дека полицискиот службеник “полицаец” со 520 бода и 35,47 денари вредност на бод се доаѓа до Основна плата на полицаец околу 18.444 денари што е за 7.602 денари помала од законскиот минимум на основна плата согласно Законот за минимална плата во Македонија.
Се надеваме на РАЗУМ и позитивно разгледување на нашето барање кое веруваме ќе допринесе за подобар стандарт на вработените во МВР.
#враќањенапрофесионализмотвополицијата
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ
Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS
Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

