СПМ: Отфрлена и последната дисциплинска како неоснована
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
ОТФРЛЕНА И ПОСЛЕДНАТА ДИСЦИПЛИНСКА КАКО НЕОСНОВАНА 4/4![]()
Се прашуваме дали сеуште постои човечност или манипулацијата, лагите и посакувањето, Синдикат на Полиција во Македонија и неговите најсилни борци за правата на вработените во МВР да ги нема во полиција и на истите да им го уништат личниот и професионалниот интегритет, владеат со дел од послушниците, “началначињата” и “командирчињата” поставени од до сега “најбрилијантниот” министер на сите времиња во МВР што за среќа на сите веќе е минато.
И покрај притисоците кои ги вршеа на сите можни начини против наш Претседател на Синдикална Организација на Крушево вербално и со лажни дисциплински постапки вкупно 4 (четири) во само една година, и покрај директивите на некои си “човечиња”, ако воопшто заслужуваат да се наречат така, Синдикат на Полиција во Македонија покажа и докажа правно дека биле монтирани, лажни и тенденциозни.
4 (ЧЕТИРИ) дисциплински иницијативи поднесени од поранешниот командир на ПС ОН Крушево, предлози за дисциплинска постапка поднесени од Началникот на СВР Битола во 2024 година, со решение на Министерот за внатрешни работи СЕ ОТФРЛЕНИ како неоснованаи затоа што:
Правдата и вистината можеби се спори,но секогаш на крај излегуваат на површина и победуваат исто како што ДОБРОТО СЕКОГАШ ГО ПОБЕДУВА ЗЛОТО.
СПМ секогаш се борел за полицаецот и неговото достоинство!!!
СПМ секогаш било и ќе биде на страната на обесправените!!!
Синдикат на Полиција во Македонија на страната на правдата![]()
На Николче “командирчето” што единствено беше “маж” само да се заканува и расправа со припаднички на понежниот пол, го известуваме дека ова му беше последна активност во намера да наштети на наш претставник![]()
СПМ ги разгледува сите опции да бидат преземени мерки против овој лик согласно сите позитивни законски прописи![]()

