ШТИПСКИТЕ КОМПАНИИ ИМУНИ НА КОРОНА КРИЗА
Долгогодишниот сон за зголемување на просечната плата се чини дека се исполнува во Штип. Во овој град, кој е симбол на текстилната индустрија и каде со години назад работниците ги бранеле своите права преку најразлични штрајкови и синдикални организирања, сепак една група од 10 компании успеале да се издиференцираат и да обезбедат пристојни примања за своите вработени. Сите тие компании сфатиле дека не може да функционира моделот од Југославија и дека неопходно е адекватно реструктуирање на сите потенцијални ресурси и капацитети во насока на понуда на конкурентни производи на светско ниво.
Пред да стигнеме до анализата на платите, ќе дадеме осврт на финансиските остварувања на овие компании.
Ако во анализите за предходните градови сликата беше дека поголемиот дел од компаниите имаат проблеми со пласман, тука ситуацијата е поразлична. Имено, само 3 компании оствариле полош резултат во однос на 2019 година и тоа сите тие се со приходи под 1 милион ЕУР, така што не ја пореметуваат сликата за топ 10 сегментот.
Лидер во ова успешно друштво е Квенбергер Логистик, која е подружница на австриската холдинг групација AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP, која е специјализирана за управување со логистички компании. Оваа компанија остварила пораст на вкупни приходи од 6.59%, при што 2020 година ја затворила со салдо од над 11 милиони ЕУР. Во ранг листата следува една одлична тројка на компании: Ај Стаил, Лаура ГМБХ и Карма Бела. Сите овие компании и во услови на пандемија успеале да остварат пораст на своите приходи, а како апсолутна бројка сите се движат околу 5 милиони ЕУР. Најпозитивен пример во топ 10 сегментот е компанијата Бони Интерградба чии приходи порастиле за скоро 50%.

Иако овие 10 компании успеале да генерираат пораст на приходи, сепак кога се нализираат вкупните добивки, општиот заклучок е дека за сопствениците/акционерите останува мал дел од колачот. Во ова друштво нема компанија која надминува нето добивка од над 600.000ЕУР, иако порастот на добивките расте со значително високо темпо. Имено, кај дел од компаниите евидентирани се порасти и од над 200%, што сепак укажува на потенцијалот на бизнис сегментот.
Повеќе прочитајте на Пари.мк

