ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

ПОМАЛКУ РАБОТА ВО ПЕТОК, ЗНАЧИ ЛИ И ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ: Како ќе им се пресметува платата?

Ќе се намали рабаотното време, но официјална плата на административците и за тие работни часови ќе остане иста. Новиот предлог Закон за административни службеници, како што објавивме носи измени за полното работно време на вработените во државната управа кои, ако ова законско решение се усвои, ќе работат по 4 часа помалку неделно, или 16 часа помалку во месецот оти за во петок законодавецот предвидел 4 работни часа. Сепак, ако се анализира начинот на пресметка на платата може да се заклучи дека и покрај помалку сработените часови тоа нема да значи и помала плата. Имено пресметката на плата и во овој закон не е врзана со работните часови, туку со други критериуми. 

Во член 69 стои дека платата на административниот службеник се состои од два дела – основна плата и додатоци на плата. Основната плата ја сочинуваат минимална плата,  дел на плата за ниво и дел на плата за стаж. 

Минималната плата се знае однапред и важи за сите, а нивото се определува со бодови, па секоја позиција во администрацијата има повеќе или помалку бодови. Највисока е генерален секретар која носи 530 бодови, а најниска е помошно- стручен административен службеник од четврто ниво чија позиција носи 5 бода.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк