4 професии во кои можете да најдете работа уште „утре“: Пазарот на труд никогаш не делувал толку празен
Во последно време сведоци сме на општата побрувачка на работна сила, во разни сфери, но се издвојуваа четири занимања за кои владее најголема побарувачка веќе со месеци.
Додека компаниите се борат да опстанат и да ја надминат кризата која ја предизвика пандемијата, работниците повеќе бираат и помалку се расположени да се согласат да работат за услови кои ги имале пред 2020 година.
Многумина во текот на карантините сфатиле дека можат да работат и некои други, за нив подобри и повеќе платени професии, откажувајќи се од пониските позиции во доменот на логистиката, транспортот, угостителството и хотелиерството, итн.
Ранливиот пазар дополнително го влошил омикрон, како и енергетската криза. Се очекува и понатамошен раст на услугите на бродскиот транспорт, а инфлаторните притисоци се одразуваат и на останатите сфери.
Ова ќе ви звучи речиси неверојатно, но Австријците не успеваат да пронајдат искусни готвачи овие денови, иако нудат плати до дури 6,000 евра, во познатите ски центри.
Сума сумарум, овие четири занимања најмногу се бараат, па ако моментално немате работа и постојани приходи, размислете за овие индустрии.
Готвачи
Побарувачката за овие професионалци допрва ќе расте, особено како што објектите се повеќе се отвораат. Тука, пред се, се мисли на светските хотели и ресторани.
И во нашиот регион се бараат голем број на готвачи, особено за работа во интеранционални хотели, и секако е плус ако знаете англиски и уште некој друг странски јазик.
Возачи
Се бараат масовно, ширум Европа, а особено во Велика Британија. Поточно, проблемот настанал во ланците на снабдување, што довело до застој. Како што се повеќе се засилува потребата за испорачување на роба до продавниците, глобално, така се повеќе се појавува поголема потреба за возачи кои би ја превезувале.

Фото: Freepik
Меѓутоа, во мал број се оние кои сега би се преселиле за да возат камион, особено ако станува збор за меѓународни тури. Но, добрата вест за професионалните возачи е што масовно се бараат и работници за достава на храна. Ако работите по учинок, колку часа сакате, заработката може да биде многу добра.
Негуватели
Оваа професија не е баш најблагодарна, за што сведочат бројни искуства, па дури и луѓето од странство каде што таа е многу подобро платена не се заинтересирани да ја работат. Сепак, ако немате друго решение моментално, лесно можете да најдете отворено работно место во некој дом за стари лица или пак да работите самостојно.
Доколку одлучите да работите „за себе“, т.е. да се грижите за стари лица по принципот одење на домашна адреса, можете добро да ги наплатите своите услуги. Исто така, интензивно се бараат медицински сестри и генерално здравствени работници, а прогнозата е дека работа за овие стручњаци ќе има многу повеќе во наредниот период.
Производство
Дејност која не може да пропадне, дури и економијата значајно да забави. Сепак, една нова студија покажува дека во САД до 2030 година, би можело да ма дури 2,1 милион непополнети работни места во оваа област. Тој трошок би можел да ја чини економијата околу милијарда долари, само во таа година.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Pixbay
