Кој влева доверба, а кој предизвикува сомнеж: Големо истражување рангирало 20 професии
Истражувањето во 31 земја покажало на кои професии луѓето најмногу им веруваат, но и кон кои имаат најголема резерва. Новинарите се на долната половина од листата, додека деловните лидери поминале нешто подобро од политичарите, но и понатаму немаат особено високо ниво на доверба.
Кому денес му веруваме, а чии зборови ги земаме со резерва? Одговорот на тоа прашање го открива истражувањето на Ipsos Global Trustworthiness Index 2026, кое опфатило 23.537 возрасни испитаници во 31 земја. Резултатите покажуваат дека на врвот на листата се наоѓаат професии поврзани со знаењето, здравјето и образованието, додека политичарите, инфлуенсерите и државните министри се меѓу групите кои уживаат најмалку доверба од јавноста.
На прво место се лекарите, со нето индекс на доверба од 43 процентни поени. Веднаш зад нив се наоѓаат научниците со 42, додека наставниците и професорите се на трето место со 37 поени. Овие три професии ги заземаат првите три месета дури во 27 од 31 испитана земја.
Разликата помеѓу првопласираните и остатокот од листата прилично е голема. Вооружените сили се наоѓаат на четвртото места, но со 16 поени, што е дури 21 поен помалку во однос на наставниците. Меѓу професиите кои имаат позитивно сaлдо на доверба се и личните тренери (+10), технолошките претприемачи (+6), судиите (+5) и полицајците (+5).
Адвокатите се точно на нулата, што значи дека уделот на оние кои им веруваат е еднаков на уделот на оние кои не им веруваат.
Политичарите на последно место, инфлуенсерите веднаш над нив
На другиот крај на листата се наоѓаат професии и групи кои најчесто се предмет на недоверба. Последното место го заземаат политичарите, со нето индекс од минус 48 процентни поени. Само 13 % од испитаниците ги сметаат за доверливи, додека дури 61 % имаат спротивно мислење.
Нешто подобро, но и понатаму многу лошо, поминале инфлуенсерите на социјалните мрежи, со минус 44 поени. Државните министри го заеземаат третото место одоздолу, со минус 37.
Ниска доверба бележат и раководителите во огласувањето (-26), додека новинарите и банкарите се изедначени со минус 10 поени. Деловните лидери се наоѓаат на минус осум, што покажува дека ни деловниот сектор не ужива особено високо ниво на доверба од јавноста.
Интересно е тоа дека разликата помеѓу лекарите и политирачите, на спротивните краеви на листата, се протегна на дури 91 процентен поен.
Не е исто да се биде државен службеник и министер
Истражувањето открива и интересни разлики помеѓу професии кои припаѓаат на исти институции или сектори. Така државните службеници имаат индекс на доверба од минус девет, додека државните министри на минус 37. Разликата од 28 поени сугерира дека граѓаните прават јасна разлика помеѓу администрација и политичко раководство.
Сличен јаз постои и во медиумите. Водителите на телевизиски вести имаат минус три поени, што е нешто подобар резултат од новинарите, кои се на минус 10. Инслуенсерите, сепак, се далеку под двете групи со минус 44 поени.
Како се мери довербата?
Ipsos од испитаниците побарал да проценат дали одредени професии и групи во нивната земја ги сметаат за доверливи или недоверливи.
Нето индексот на доверба се добива со одземање на процентот на испитаници кои некоја група ја сметаат за недоверлива од процентот на оние кои ѝ веруваат. Позитивниот резултат значи дека довербата е поголема од недовербата, додека негативниот укажува на спротивен однос. Тоа, значи, не е процентот на луѓе кои ѝ веруваат на одредена професија, туку разлика помеѓу двете групи на одговор.
Податоците претставуваат просечни резултати од 31 земја, при што сите земји се еднакво пондерирани, а не според бројот на жители. Истражувањето било спроведено од 19 јуни до 3 јули 2026 година.
Извор: BIZLife.rs

