Светот на работникот

Што после докторатот? Сѐ повеќе стручњаци успехот го пронаоѓаат вон факултет

Генерациите на докторанди со години растеле со истата идеја, а тоа е дека по одбраната на докторската дисертација ги чека место на универзитет, работа со студенти и сопствени истражувачки проекти.

Меѓутоа, реалноста на денешниот пазар на труд изгледа потполно поинаку.

Според податоците кои ги пренесува порталот The Scientist, речиси половина од студентите на докторски студии се запишуваат на нив со желба еден ден да стана професори. Сепак, процените покажуваат дека само помеѓу 10 и 20 % од нив на крајот успеваат да добијат постојана академска позиција.

Со други зборови, поголемиот дел од докторите на науки градат кариера вон универзитет.

Докторатот повеќе не е пат само кон академија

Иако многумина завршувањето на докторатот го доживуваат како влезница за академската заедница, стручњаците сѐ почесто укажуваат на тоа дека докторските програми развиваат вештини кои се доста барани и во деловниот свет.

Во текот на докторските студии, кандидатите не стануваат само експерти за одредена област. Тие учат како да:

  • Водат сложени проекти,
  • Анализираат големи количини на податоци,
  • Управуваат со тимови,
  • Пишуваат стручни и стратешки документи,
  • Решваат комплексни проблеми,
  • Комуницираат резултатите од истражувањето со различни целни групи.

Токму поради ова, сѐ повеќе компании ја препознаваат вредноста на луѓето со докторат.

Каде денес работат докторите на науки?

Истражувањата покажуваат дека стручњаците со докторска диплома сѐ почесто се вработуваат во областите како што се:

  • Анализа на податоци и вештачка интелигенција,
  • Фармацевтска и биотехнолошка индустрија,
  • Финансиски сектор,
  • Консултантски компании,
  • Истражување на пазарот
  • Развој на производи,
  • Државни и меѓународни институции,
  • Технолошки компании.

Особено се барани стручњаците кои можат да го поврзат научното размислување со конкретен деловен проблем.

Најголемиот предизвик не е недостигот од работа

Авторот на текстот Јовин Лорти, кој денес работи како кариерен советник за докторанди, смета дека најголемиот проблем не е недостигот од шанси, туку фактот дека многу докторанди воопшто не се свесни колку нивните вештини се применливи вон академијата.

„Постојат многу интересни проблеми кои треба да се решаваат и многу исполнувачки задачи вон универзитет. Проблемот не е во недостигот на опции, туку во тоа што луѓето не знаат да ги препознаат“, наведува тој.

Според него, многу доктори на науки подоцна започнуваат да размислуваат за кариера, па често дури по завршувањето на докторатот откриваат колку можности всушност имаат.

Нова дефиниција на успехот

Долго во академските кругови се сметало дека професорската позиција е единственото „вистинско“ мерило за успех по докторатот.

Меѓутоа, пазарот на трудот се менува, а со него и перцепцијата за кариерата.

Сѐ поголем број на доктори на науки денес избираат позиции во стопанството, каде своите истражувачки и аналитички способности ги користат за развој на нови производи, носење на деловни одлуки и решавање на сложени предизвици.

Поради тоа експертите порачуваат дека докторатот повеќе не треба да се гледа како пат кон универзитетот, туку како образование кое отвора врата кон цела низа на кариери – често многу поширока отколку што идните докторанди воопшто можат да замислат кога запишуваат студии.

Извор: BIZLife.rs